Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди јужна Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил во 15 часот и 54 минути, а епицентарот бил во близина на Химара, 14 километри северозападно од градот Ѓирокастер.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета.
фото: Архива