Земјотрес со јачина од 4 степени регистриран недалеку од македонско-албанската граница

Попладнево е почувствуван земјотрес со јачина од 4 степени недалеку од македонско-албанската граница.

Епицентарот на земјотресот е лоциран во Албанија, на 44 километри од Тирана, на длабочина од 4 километри.

Засега нема информации за штети или повредени лица.