Според прелиминарните податоци на Институтот за геонауки, земјотресот бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот е регистриран во Велипојa со длабочина од 15,8 километри.
Потресите се почувствувани и во областите околу епицентарот. Според прелиминарните комуникации со претставници на локалната самоуправа, структурите за цивилна одбрана на општина Скадар и округот Скадар не пријавиле материјална штета, соопштуваат од Министерството за одбрана.
vesnik-ilinden.com