Златен медал за Марија Димовска во кик бокс во Грција

Македонскиот кик бокс клуб Енерџи од Битола учествуваше со тројца натпреварувачи на Атина Челинџ Европскиот Куп, кој се одржа во Грција.

Нашата претставничка, Марија Димовска, се пласираше директно во финалето на категоријата лоу кик до 60 килограми. Во финалниот натпревар, Димовска ја совлада Хелен Каталагариану од Грција, освојувајќи златен медал.

 

 

 

gladijatorvesti.mk