Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација ( ИТФ ), под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски на М.Т.Т.Ф.,викендов од 01-03.12 2023 учествуваше на Европски Таеквон-до ИТФ куп “9 КИНГ ОФ ТАЕКВОН-ДО” во Солун, Грција, кој е еден од најјаките натпревари во светов, каде учествуваа 1510 натпреварувачи од 117 клубови од 18 земји М.Т.Т.Ф. ја претставуваа тројца натпреварувачи од клубовите:
-Таеквон-до клубот ‘ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид -Таеквон-до клубот “МАСТЕР” Охрид -Таеквон-до клубот “СОНКАЛ” Мислешево Струга
Хриситјана Парулеска поради повреда која сеуште закрепнува , настапи како тренер поради нејзиното искуство. За жал поради повреди, настинки и школски обврски отидовме во мал број, а ова ни е прв пат да одиме на натпревар во Грција ,иако нашите натпреварувачи истрошени, претходно учествувајќи на три силни натпревари, дадоа се од себе и не израдуваа со златен медал и пехар за најдбора јуниорка 16-17 години.
На Европскиот куп во Солун,Грција,каде учествуваа натпреварувачи од Аргентина, Естонија,Украина, Чешка, Шпанија, Италија, Кипар, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија , БиХ, Србија, Македонија, Грција,Шведска, Финска, Обединето Кралство, со само тројца натпреварувачи отидовме чисто да бидеме видени како федерација и за добрососедски односи , не очекувајќи некаков успех, знаејќи дека пристрасноста на судиите ќе биде против нас, со оглед на големината на натпреварот во конкуренција на 1510 натпреварувачи , ние бевме тотални аутсајдери, но секогаш одиме спремни по секоја цена да дадеме се од нас, погазувајќи го мотото “битно е да учествуваш”, ние како федерација секогаш одиме со цел да постигнеме резултат , што е премногу тешко на вакви врвни натпревари, посебно каде што беа репрезентациите на едни од најјаките земји во светов.
-Нашите натпреварувачи како и секогаш дадоја се од себе, повторно радувајќи не со неколку победи, но за жал Давид Крстески го повреди коленото и мораше да го прекине натпреварувањето, Владимир Димитриевиќ во првиот круг убедливо го победи домашниот претставник додека во вториот кру падна со светски шампион и заслужено загуби. Херој на овај натпревар излезе Теодора Митреска од Охридскиот клуб МАСТЕР, освојувајќи златен медал и пехар за најдорба јуниорка 16-17 години. Горди сме што имаме вакви натпреварувачи што даваат се од себе и не радуваат со успеси од врвни натпревари, изјавува претседателот на М.Т.Т.Ф. Марјанчо Лазаревски кој не пропушта прилика да изрази најголема благодарност до Генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Општина Охрид и Агенција за млади и спорт.