Иако уште не е официјално, Сали му ја честиташе кандидатурата на Ахмети за претседател

Беким Сали, поранешниот министер за здравство од Алтернатива вчера на социјалните мрежи му ја честиташе кандидатурата на Али Ахмети за претседател на државата. Од партијата на Ахмети, ДУИ, се уште нема официјална потврда дека тој ќе биде нивни претседателски кандидат.

Честитки за кандидатурата на Али Ахмети. Да се ​​надеваме дека сојузниците од Отворен Балкан, особено Вучиќ, нема да се вмешаат во изборниот процес како досега“, напиша тој на Фејсбук.

Петходно, Артан Груби на својот профил на Фејсбук објави „Само Али Ахмети“.