Ивановска за РСЕ: Владата да даде пример, а не да води антикорупциски кампањи

Најдобар пример и најдобра кампања на Владата за борбата против корупцијата е нивниот личен пример и нивните политики што ги водат, така што ниедна кампања, не знам колку пари и да потрошат, не може тоа да го покрие, вели во интервју за РСЕ, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

РСЕ: Госпоѓо Ивановска, локалните избори завршија, колку пријави стигнаа до Антикорупциска за изборни нерегуларности?

Билјана Ивановска: Од граѓани ни стигнаа 45 пријави. Шест предмети ние отворивме по наша сопствена иницијатива, а 3 пријави добивме од организатор на изборна кампања за коишто држевме јавни седници и веднаш во рок од пет дена, како што е пропишано во законот, ги донесовме нашите одлуки.

До обвинителството поднесовте иницијативата за кривична одговорност за лицата кои учествувале во донесувањето на Деталниот урбанистичкиот план за Холидеј ин, каде треба да никнат висококатници за која се уште немате одговор. Што мислите, зошто од обвинителството со месеци нема информации за иницијативата?

Мислам дека најдобар одговор ќе даде обвинителството, зошто ние можеме само да претпоставуваме. Мене искрено не ми е јасно зошто, поради тоа што ние дадовме многу добро обработен предмет којшто ги содржеше буквално сите елементи и моја претпоставка е дека не им треба многу време за да ги соберат податоците, затоа што се работи за еден конкретен Детален урбанистички план, односно да соберат една папка за планот од општината и во таа папка се содржани сите овие податоци и информации коишто се однесуваат на злоупотребата на споменатите лица во таа кривична пријава. Така што, искрено не знам и се чудам. Мислам дека може со Јавното обвинителство заеднички, она што ние сме го откриле да им биде од помош, но зошто така се случува навистина не ми е јасно.

РСЕ: Очекувате ли кривично да гони обвинителството за овој случај?

Билјана Ивановска: Јас можам да посакувам, а веќе не очекувам ништо.

Тоа значи дека ако од Обвинителството набрзо не добиете одговор, инвеститорот ќе нема пречки да гради?

РСЕ: Од 2019 година чекате одговори и за иницијативата за кривична одговорност за лицата од ДИК кои учествувале во тендерот за печатени материјали за гласање. Побаравте проактивност од институциите и побрзо решавање на иницијативите. Колку од вашите иницијативи се прифаќаат од надлежните?

Билјана Ивановска: Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски
ВИДЕТЕ И ОВА:
Предизборната „метла“ заменета со антикорупциска кампања „Сега сè е јавно“
Па сведоци сте вие. Гледате дека не се прифаќаат баш многу, односно многу е мал процентот за оние коишто се прифаќаат. Конкретно за оваа кривична пријава ние уште тогаш напоменавме дека можно е да истечат роковите. Можно е сега да играат и на таа карта. Важно ние сме ја предале додека не бил истечен рокот. Не знам што да кажам. Ние повикуваме и до Европската комисија. Значи, пак ќе кажам, уредувањето на нашава земја. Намалување на криминалот и корупција и недолично однесување зависи од сите чинители во општеството. Ако сакаме ние да направиме едно општество добро за сите, тогаш тоа само од нас зависи и од никој друг.

РСЕ: Покажува ли Владата личен пример?

Билјана Ивановска: Е па тоа јавноста го гледа и го цени нели.

Интервјуто со претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска може во целост да го прочитате на: РСЕ.