Ивановска за ТВ 24: Имаме осакатена администрација со многу злоупотреба при вработувањата

Биљана Ивановска претседател на Антикорупциска комисија во емисијата 24 анализа изјави дека Антикорупциска ја следи состојбата што се случува меѓу град Скопје и Водовод и канализација и ќе почекаат да заврши тендерската постапка за да имаат оформен предмет.

– Засега се повеќе партиски игри меѓу нив и ако има нешто екстра ќе реагираме. Тендерот во ДИК се разгледува од наша страна и паралелно работи со нас и Државниот завод за ревизија. Многу скоро се очекува да се заврши со интервјуто со одговорните лица во ДИК и штом ќе ги завршиме, ќе излезем во јавноста. Предмет на интерес е дали е испорачано тоа што е договорено. Ќе разговараме и со Даштевски. Во однос на злоупотреба на вработувањата, имавме злоупотреба како е објавен конкурсот, злоупотреба на дискреционото право во смисла на злоупотреба на интервјуто и како одлучило одговорното лице некој слаб со поени да избие на прво место, а друг со најмногу поени да отпадне. Има и злоупотреба со вработувања каде некој се потпишува со друга националност. Не може во една минута да се менува чувството и за едно работно место да се пријави како Ром, а за друго како Турчин, Албанец. Ова го доведува луѓето да се бламираат за корка леб. Излезот од оваа криза може да се насети со зголемување на продуктивноста на трудот, а тоа е можно само ако специјалистите си ја вршат работата. Ние имаме осакатена администрација. – изјави Ивановска.

Извор: ТВ 24

фото: ТВ 24