Идната година повторно зголемување на минималната плата

Следното покачување на минималната плата во државата ќе биде во првиот квартал од идната година, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

„Идната година повторно не очекува зголемување на минималната плата, бидејќи ја сменивме методологијата. Сега влијае и зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на продуктивноста, односно на БДП во државата. Повторно ќе имаме зголемување на минималната плата на почетокот на годината“, рече Ковачевски.

фото: Архива