Избегната железничка несреќа! Пругите се распаѓаат, министерот Бочварски никаде го нема!

ИЗБЕГНАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА!
ПРУГИТЕ СЕ РАСПАЃААТ, МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ НИГДЕ ГО НЕМА!
Денес на железничкиот мост на Црна Река, кај Стоби, избегната е железничка несреќа од посериозни размери.
Благодарение на присебноста на машиновозачот, товарниот воз навремено запрел и избегната е катастрофа.
Поради попуштање на мостот, пругата е пропадната и целосно нефункционална. Ова е истиот мост кој во 2018 година исто така попушти, но од тогаш најверојатно не бил целосно ревитализиран, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.
Како комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, во повеќе наврати реагиравме и предупредувавме дека прашање на време е кога за жал ќе се случат вакви инциденти.
Владата на СДСМ и ДУИ има несериозен и расипнички однос кон железниците во нашата држава кој резултира со вакви настани.
Не одржувањето на пругите и железничките мостови доведуваат до вакви настани, кои освен финансиски може да имаат и човечки загуби.
Колкава ќе беше трагедијата ако наместо товарниот воз се најдеше патнички воз кој собраќа на релација Скопје-Гевгелија-Скопје, полн со 200 патници и истиот се најдеше во водите на Црна река?
Се укинуваат линии, се распаѓаат пругите, се уништуваат локомотивите, железницата е во колапс, а министерот Бочварски нигде го нема.