Избегната несреќа на Водици во Скопје во реката Вардар

За малку избегната несреќа на Водици во Скопје. Надојдениот Вардар им го отежна пливањето на неколкумина од пливачите. Двајца се бореа за живот, а несреќата беше избегната благодарение на подготвеноста на екипите за спасување на Црвениот крст.

Со јажиња и чамци беа извлекувани капачите на брегот на реката, а по успешната акција спасувачите и пливачите беа наградени со аплауз од присутните.

извор: ТВ 24