Избори на Гренланд: Да станеш Американец, да останеш Данец или да бидеш независен?

Претстојните избори на Гренланд на 11 март привлекуваат невиден интерес по изјавите на американскиот претседател, Доналд Трамп за стекнување на територијата богата со ресурси.

Нормално и очекувано е изборите за 31 член на парламентот на Гренланд да добијат мало внимание во јавноста.

Најголемиот остров во светот, со население од само 60000 жители, ретко се појавува во вестите. Сѐ до јануари 2025, кога староновиот претседател на САД, Доналд Трамп искажа интерес за да ја заземе контролата на територијата богата со природни ресурси.

Ова беше чекор кој ја шокираше Европа, особено Данска која е сојузник на НАТО и на која всушност ѝ припаѓа Гренланд. (Додека Копенхаген ја надгледува надворешната и монетарната политика, државјаните на Грендланд ги контролираат повеќето домашни прашања.)

Ова значи дека по изјавите на Трамп, целото внимание ќе биде свртено кон изборите закажани за 11 март од страна на премиерот на Гренланд, Муте Егеде. И додека редовните домашни прашања се дел од изборната кампања, главното прашање е јасно: да станете Американци, да останете Данци или да се стремите кон независност?

 

slobodnaevropa.mk