Наскоро ќе биде пуштена во употреба нова верзија на Дистрибутивниот систем со нов модерен кориснички интерфејс и нови функционалности кои ќе овозможат:
· Подобрено корисничко искуство и користење на услугите од било кој уред (деск топ компјутер, лаптоп, таблет, паметен телефон).
· Динамично креирање на пакети на информации од страна на корисниците, со количински попусти и можност за користење на пакетите во определен временски период.
· Можност за нарачка на документи во писмена форма со испорака на домашна адреса.
· Вградување на квалификуван електронски временски жиг и QR code во електронски потпишаните документи, со што се овозможува подолготрајна валидност на документот (и по истекот на сертификатот за потпишување), како и можност за проверка на издадените електронски документи.
Воедно, постојниот Систем за издавање на електронски потврди повеќе нема да биде достапен, а сите негови постојни корисници ќе имаат пристап во Дистрибутивниот систем во улога на регуларни корисници.
При имплементација на новата верзија на Дистрибутивниот систем земени се предвид вашите забелешки и сугестии дадени како предлози за подобрување на услугите на Централен регистар.
Во припрема е и верзија со која ќе се овозможат и нови производи – информации/потврди во електронска форма.
За точниот датум на прекин на стариот систем и испорака на новиот, ќе информираме навремено со официјална објава на веб страницата на Централен регистар.
За дополнителни информации и помош за користење на системот, Ви стоиме на располагање.
Благодариме што придoнесувате за подобрување на услугите!
извор: Централен регистар