Рударите кои беа заглавени во косовскиот рудник за јаглен Трепча поради прекин на снабдувањето со електрична енергија , се извлечени попладнево, откако беше саниран дефектот предизвикан од удар на гром во рударскиот систем за електрична енергија, преесува МИА .
Информацијата за медиумоте ја потврди претседателот на Синдикатот на рударите на Трепча, Гани Османи.
-Вкупно 123 рудари од прва смена , кои работат од 7 до 14 часот пред завршувањето на работното време останаа заглавени во хорисонтите, 9,10 и 11 на рудникот откако гром уништил неколку изолатори во неговата електрична мрежа, рече тој.
МИА