Попладнево во Собранието пратениците го изгласаа предлогот на Владата за избор на нов министер за здравство и заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со мнозинство гласови, Собранието го потврди назначувањето на Азир Алиу за нов министер за здравство. Алиу е доктор по информатички науки и професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии во Тетово. Тој доаѓа на функцијата со визија за дигитализација на здравствениот систем и подобрување на неговата ефикасност и достапност.
Истовремено, за заменик министер за земјоделство е избран Албрим Хоџа, новинар и дипломиран правник, за кого премиерот Мицкоски изјави дека е човек од теренот, кој ќе внесе нова енергија во земјоделскиот сектор и ќе помогне во воспоставување на системска рамка за негов развој.
Премиерот истакна дека овие кадарски решенија се дел од поширокиот реформски процес и носат нов импулс во институциите.
4news.mk