Мерапи, најактивниот вулкан во Индонезија, продолжи да исфрла лава која тече неколку километри, известува Анадолу.
Вулканот Мерапи еруптираше на 11 март, а Индонезиската државна агенција за справување со катастрофи издаде предупредување до граѓаните да ги запрат сите активности во опасните зони, во радиус од 3 до 7 километри од кратерот.
Околу вулканската планина висока 2.968 метри живеат околу 250.000 луѓе.
Вулканот се наоѓа на густо населениот остров Јава во близина на древниот град Јогјакарта. Мерапи е најактивниот меѓу десетината индонезиски вулкани и во последно време повеќепати еруптираше.
Во ерупцијата на Мерапи во 2010 година животот го загубија 347 лица.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.