Институциите на потег за функционерите на американската „црна листа“

Ден откако Артан Груби, поранешен вицепремиер од ДУИ и апелацискиот судија Енвер Беџети се најдоа на „црната листа“ на Стејт департментот, американската амбасадорка Агелер рече дека доказите за нив се достапни и македонските институции можат да ги најдат. Претседателката Сиљановска-Давкова повика Јавното обвинителство да постапи по допрен глас.

Што ќе преземат македонските институции ден откако Артан Груби, поранешен вицепремиер од опозициската Демократска унија за интеграција(ДУИ) и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд, се најдоа на црната листа на американскиот Стејт департмент, е прашање што си го поставува и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер.

Груби и Беџети се најдоа на црната листа поради вмешаност во значителна корупција, политичко мешање и обиди за оцрнување на судството. Образложението е дека примиле мито да влијаат врз судските процеси поврзани со кривичната пресуда на екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков за предметот „Таргет“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство(СЈО), а се однесуваше на масовното прислушување.

 

 

 

slobodnaevropa.mk