Во изминатите неколку дена блогерката била на одделението за интензивна нега, а нејзините роднини побарале дарување крв за да ја спасат, но никој не дознал од што боледува Јуриби.
Како што пишува The Sun, таа последните моменти ги поминала во болница во Гватемала од каде што потекнува, но причината за смртта се уште не е позната.
Гомез на популарната социјална мрежа Инстаграм ја следеа околу 100.000 луѓе каде сподели модни совети и идеи.
Нејзината роднина Кимберли Флорес се прости од младиот инфлуенсер.
– Не можам да се носам со толкава болка – напишала под фотографијата со покојниот Јуриби.
Со кратка порака од Гомез се прости и нејзиниот партнер.
– Се гледаме наскоро, љубов моја. Секогаш ќе те сакам – рече тој.
direkten.mk