Натпревар од машката кадетската лига што требаше да се одигра денеска во Кичево не го дочека крајот, а поради хаосот на полувреме морала да интервенира и полицијата. Средбата била прекината при резултат 8-6 за гостите, а биле приведени и лица кои влегле на терен и ги нападнале судиите и делегатот, објави 24Ракомет,
Инцидентот се случил на полувремето кога гостите од Прилеп воделе со 8-6. Незадоволни навивачи влегле во терен и физички го нападнале делегатот, а се обиделе да се пресметаат и во судиите. Полицијата брзо интервенирала, и највоинствените што влегле на терен ги привела во полиција – пишува 24Ракомет.
Делегатот од Охрид, Славчо Ристевски бил удрен, а удари добиле и судијата Марио Трајковски. Единствено Наташа Глигоровска куртулила од напад, но затоа вербално сите биле „испочитувани со целото семејство и роднини“. Службените лица потоа во придружба на полиција ја напуштиле салата и градот.
Целиот текст на 24Ракомет