Инцидент се случил во скопското село Радуша – дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

Инцидент се случил во скопското село Радуша, каде се дупнати гумите на возилото на еден набљудувач.

Во Радуша на овластен набљудувач на една политичка партија некој му ги дупнал гумите од автомобилот при влез во селото. Членови на партијата велат дека ги знаат организаторите на инцидентот, функционери и роднини на функционери на друга политичка партија, дознава Фактор.

На набљудувачи не им се дозволува да влезат во избирачките места. Велат дека ги пцуеле и навредувале. Инцидентот велат дека е пријавен и во ДИК и во полиција.

Извор: Фактор