Иран издаде итно предупредување патничките авиони да го избегнуваат неговиот воздушен простор

Иран издаде итно предупредување (НОТАМ) до сите авиони да го избегнуваат неговиот воздушен простор и да го сменат курсот.

„Џерусалем Пост“ наведува дека оваа одлука на иранските власти претпоставува скорешен напад врз Израел.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на самитот на Г7 изјави дека нападот на Иран и милитантната група Хезболах врз Израел може да почне во текот на денот.

Израелскиот новинар и аналитичар на ситуацијата на Блискиот Исток, Барак Равид, за портолот „Аксиос“ вчера изјави дека нападот би можел да се случи денеска, земајќи за свои извори тројца американски и израелски официјални лица.

Израелски претставник за Си-Би-Ес Њуз рече дека споредено со нападот од 13 април, Израел овојпат очекува поагресивен напад од Иран.

 

Извор: Република