– Хајдар КАРААЛП
Антикварницата на Ирачанецот Хасан ал Мусави, во која се наоѓаат и дела од отоманскиот период, го презентира културното богатство на Ирак.
Продавницата на антикварот Мусеви, дипломец на одделот за сликарство на Факултетот за ликовни уметности, во чаршијата на главниот град Багдад, која датира од 50-тите години на 20 век, е преполна со историски елементи и предмети.
Во разговорот со дописникот на АА, Мусеви рече дека со предметите што ги изложува и ги нуди на продажба во својата антикварница ја отсликува културата на Багдад и Ирак.
Посочувајќи на еден стар украс извезен со сребро што датира од отоманскиот период, Мусеви рече:
„Оние што сакаат да ги заштитат културата и наследството на земјата доаѓаат тука, ги разгледуваат антиквитетите и ги купуваат. Ова место ја одразува историјата што се протега од отоманскиот до британскиот период, периодот на Кралството и Републиката.“
Истакнувајќи дека има и луѓе што доаѓаат од странство да го посетат неговиот дуќан, кој личи на музеј, Мусеви, пензиониран државен службеник, рече дека и тој со своето хоби, антикварството, дава придонес во економијата на неговото домаќинство.