Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2023 година, пришто се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, најдоцна до 26.06.2023 година.
За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2023 година (среда);
За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2023 година (четврток) и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2023 година (петок).