Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на кого родителите му ги доверувале на чување трите деца на возраст од 8, 6 и 2 години, искористувал исти прилики и во повеќе наврати вршел кривично дело обљуба врз најстарото дете.
Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истагата со влијание врз сведоците и соучесниците и дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор.
Судијата за претходна постапка го прифати предлогот и му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
извор: Обвинителство