Италијанската полиција заплени повеќе од 80 килограми кокаин сокриен во камион во близина на Неапол, пренесува Анадолу.
Приведени се две лица кои биле фатени како пренесуваат 81,7 килограми кокаин поделени во 70 снопови од камион во помало комбе во северно предградие на Неапол, јави АНСА.
Проценетата улична вредност на дрогата е околу 10 милиони евра.
Полицијата вели дека ова е значаен удар врз организираниот криминал, пренесува италијанската новинска агенција.