Вулканот Етна во јужна Италија повторно исфрла пепел и лава.
Локални извори за Анадолу изјавија дека вулканската активност на Етна, на висина од 3.357 метри започнала синоќа во југоисточниот кратер на вулканот, еден од неговите најактивни кратери, и продолжила до пладне денес.
Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија ја потврди активноста.
Поради облаците од пепел, Институтот издаде црвено предупредување за авионите кои минуваат низ регионот, но подоцна тоа беше повлечено.
Етна е еден од најактивните вулкани во светот, со речиси постојана состојба на активност. Последен пат кога вулканот значително еруптира беше минатиот ноември.