Италијанските власти денес приведоа 25 лица, меѓу кои и една калуѓерка, во големата операција насочена кон злогласената криминална организација Ндрангета, кој се смета за една од најопасните групи на организиран криминал во Европа, јавува Анадолу.
Според италијанските медиуми, истрагата за случајот ја води Обвинителството на Бреша, објавија локалните медиуми.
Меѓу приведените се Џовани Акри, поранешен општински советник од владејачката партија Браќа на Италија (ФДл), Мауро Галеаци, поранешен советник од Партијата на Лигата и калуѓерката Ана Донели.
На тројцата им е одреден домашен притвор во очекување на натамошната истрага.
Приведувањето на калуѓерката во акцијата против криминалната организација привлече особено внимание кај тамошната јавност.
Се верува дека калуѓерката Донели (57) им пренесувала пораки на членовите на бандата што се в затвор, злоупотребувајќи ја привилегијата да им дава „морална поддршка“ на осудените.
„Реинњуз 24“ објави дека некои затвореници за Донели велеле „една од нив“, нагласувајќи ги нејзините наводни врски со организацијата.
Посочено е дека во истрагата, која трае од 2021 година, осомничените се товарат за изнуда, шверц со оружје и дрога, лихварство, даночно затајување и перење пари.