Италија ја потресе земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала, потресот почувствуван на хрватското приморје

Јачината на земјотресот е корегирана од првичните 6,1 до 5,7 степени според Рихтеровата скала.Почувствуван е во Хрватска и Словенија, а епицентарот бил на 66 километри источно од Римини, на длабочина од 10 километри.

– Креветот се тресе на сите страни, десетина секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени – ни раскажува читателка од Задар.

 

– Ме разбуди, за малку ми падна плакарот на глава – ни раскажува друга Задранка.

 

Се јавија и многу граѓани од остатокот на Хрватска – земјотресот се почувствувал до Запрешиќ и Загреб, а Словенците до Љубљана.

 

Засега нема информации за евентуални штети.

 

 

 

24sata.hr