Повод за тужбата е штетата што ми е нанесена од Јовановски и Јанева во случајот Рекет. Средствата кои ги барам како оштета се мои сопствени кои беа предавани преку други лица а се префрлани преку мојата транскакциска сметка, го започна својот исказ бизнисменот Јордан Камчев.
Тој објасни дека во летото 2018 година Јовановски му пристапил преку заеднички пријател и му понудил соработка со цел да му изнудат пари за фешн бизнис центри и за кој нудел продажба на интелектуално право, објави Република.
-Таму би имало дуќани и ресторани. Како да во светот тоа го нема, па тој ќе ги заштитува. На тоа беше потпишан Лазар Јанев. Со тоа Бојан сакаше да ми покаже дека ја контролира Јанева. Спомна и дека Лазар корисри возило од неговата компанија и дека соработуваат. Бојан ми понуди две локации и ми кажа за блискоста со Богоев. Едниот беше објектот Хубо поради близината на Јанева со сопстениците на објектот. Втората локација беше објектот Механика во Карпош 4. Беше јасно дека манипулира бидејќи знаев дека сопствениците на тие објекти не дале согласност. Откако ова го одбив, тој беше упорен и ми понуди инвестиција во старски домови. Убеден сум дека луѓе од тогашната власт не беа запознати со неговите конструкции. Во бизнис планот се докажа дека таа негова европска организација е измисена за да да биде вентил за изнудување пари. За овој проект ми побараа 4 милиони евра. Боки беше незадоволен, но беше многу моќен во тоа време имаше контакти со политичарите. Втората средба беше за релаксирање на односите и ми кажа дека знае што се случува во мојата предистражна постапка, ми покажуваше слики со Јанева. Ми понуди претпроект за нова соработка, односно рекламен простор во 1ТВ. Знаејќи колкави се ценовниците во најголемите телевизии, тој понуди десет пати поголема сума од Сител ТВ. Ми објасни дека тоа е за цел проект и за ПР и соработка со Јанева и СЈО – објасни Камчев.
Тој вели дека со Бојан се знаат 20 години и затоа прифатил да се видат првиот пат за за му каже што знае за неговиот случај што го водеше СЈО.
-Сите наши средби беа иницирани од Бојан. Откако не прифатив да се испатат големите пари за измислените проекти, тој премина на втор дел од играта. Се случи предистрага за предметот Империја. По извесен период во притвор организираат средба со Ана Камчева, на која Бојан ѝ бара 500.000 евра за да излезам од притвор. Ана во истражниот затвор тоа ми го кажа и јас ѝ реков дека нема гаранција за тоа. Потоа Бојан органиира средба во Орман, на која доаѓа и Катица и на Ана ѝ ветува дека тоа што е договорано со Бојан, ќе се заврши. Поголема изнуда од тоа нема. Требаше притворот да биде заменет со куќен притвор. Парите се испалатени три дена по средбата. Од мојата трансакциска сметка на двапати 350.000 евра и 150.000 во канцеларијата на 1ТВ во присуство на заедничкиот пријател – раскажа Камчев.
Откако излегол од притвор, Боки со заедничкиот пријател отишле кај Камчев дома да го посетат. Како што рече Камчев, Боки речиси секоја вечер доаѓал кај нив на гости.
Тогаш ми напомена дека дека ако сум бил кооперативен, немало да дојде до притвор. Се слушаше пред мене со Катица, ми ја даваше и мене да ја слушнам. Демонтрираше голема моќ – објасни Камчев.
На еден од разговорите со Боки и Катица му спомнале колку пари требало да даде за да нема обвинение и се споменала сума од 8 милиони евра.
Боки на лист напиша колку пари секој месец да му испаќам, но се да се испллати до јуни 2019. Првиот милион му беше испатен во таа фамозна Луј Витон чанта – откри Камчев.
извор: Република.