Денеска, на работна средба се разговараше за потребата од покачување на платите за дел од класното раководство, како и за плаќањето на патните трошоци за наставниците.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков очекува повеќе привилегии со новиот колективен договор за членовите кои не се опфатени со соодветен закон или некој друг колективен договор.
Наставниците во април ќе добијат плата повисока за седум проценти.. Претходно во текот на минатата година имаа зголемување од пет проценти.