Карлеуша има нов дечко, белградски бизнисмен

Српската пејачка Јелена Карлеуша има нов дечко со кого се појави во јавност. Станува збор за познатиот белградски бизнисмен Владан Мариќ.

“Не запозна Дарко Костиќ во Будва. Освен што е згоден и убав, Владо ме освои со сензибилноста, префинетите манири и заштитничкиот став. Но, да не се лажеме, не му беше лесно да ме добие. Се бореше за да го привлече моето внимание“, вели Карлеуша.

Таа вели дека и со хороскопските знацим си одговарале, оти и двајцата се лавови во хороскоп, па смета дека поради ова одлично се сложуваат.

Ние се разбираме со телепатија, па кога сме заедно уживаме во секоја ситница. Сакаме исти работи, а и светот го доживуваме на идентичен начин. Не се криеме од јавноста, бидејќи нема зошто. Излегуваме баш често“, вели Карлеуша за српските медиуми.

 

vesnik.com