Инспектори од мобилните тимови запленија 350 грама златен накит во вредност од околу 16 илјади евра, по извршена контрола со мобилен скенер на автобус на влез на граничниот премин #Богородица.
#Златото е откриено во џебот на јакната на возачот со македонско државјанство кој истото го скрил во 5 пакетчиња обвиткани со фолија.
Автобусот се движел на редовна линија Истанбул – Скопје – Истанбул.
Случајот е предаден во Одделение за истраги, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 278 од Кривичниот законик.
извор: Царинска управа