Ким Кардашијан казнета со 1,5 милиони долари, промовирала криптовалути на социјалните мрежи

Ким Кардашијан е казнета со 1,26 милиони долари затоа што промовирала криптовалута на социјалните мрежи, а не нагласила дека е платена за тоа.

Нејзината објава вклучуваше врска до веб-страницата EthereumMax, на која се наоѓале инструкции за потенцијалните инвеститори за купување EMAX токени. Кардашијан тврдела дека пријателите и кажале за токените и дека ја поврзале со веб-страницата на компанијата, но таа не открила дека и биле платени 250.000 долари за да ја објави објавата.

Ким ниту признала, ниту негирала дека сторила нешто лошо, но се согласила да плати казна од 1,26 милиони долари.

Таа е една од многуте познати личности вмешани во контроверзии за промовирање на криптовалути, и покрај тоа што некои влади и финансиски експерти предупредуваат за нестабилноста и ризичноста на таквите валути.

 

ubavinaizdravje.mk