Кина во Тибет ќе ја гради најголемата брана во светот

– Кина во јужниот дел на Тибет ќе ја гради најголемата хидроенергетска брана во светот, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.

Владата вчера даде одобрение за браната на реката Јарлунг Цангпо, најдолга во регионот, локално позната како автономен регион Сизанг.

Се предвидува браната да генерира речиси 300 милијарди киловат-часови годишно, надминувајќи ја браната Три клисури.

„Тоа е од големо значење и за унапредувањето на стратегијата на земјата во однос на јаглеродната неутралност и справувањето со глобалните климатски промени“, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Кога ќе биде завршен, се очекува проектот да генерира 300 милијарди киловат-часови енергија годишно, што би било трипати повеќе од најголемата брана во светот Три клисури, исто така во Кина, со капацитет од 88,2 милијарди киловат-часови.

Се очекува Пекинг да потроши над еден трилион јуани (137 милијарди долари) за новата брана, со што ќе биде досега најголем поединечен инфраструктурен проект во светот.

Реката Јарлунг Цангпо извира во Тибет и тече кон исток во Индија и Бангладеш, каде што е позната како Брахмапутра.

извор: Анадолија