Кина го претстави својот прв летечки автомобил на електричен погон, дизајниран од Југоисточниот Универзитет во источната покраина Џиангсу, пренесува Анадолу.
„Кунпенг Бр.1“ е првиот летечки автомобил базиран на технологија за дистрибуиран електричен погон, која користи автомобил како негов примарен носач наместо технологијата на дронови, изјави за дневниот весник „Глобал тајмс“ лидерот на проектот, Јин Гуодонг.
Со проектот се овозможува „неосетна транзиција помеѓу возење на земја и летање во воздух“, рече Јин, кој предава на Факултетот за машинско инженерство на Универзитетот.
Според истражувачкиот тим, за разлика од обичните електрични летала кои полетуваат и слетуваат вертикално, Кунпенг Бр.1 е „дизајниран како возило земја-воздух, комбинирајќи ја способноста за мобилност на земја и движење како воздушно возило“.
Опремен е со четири коаксијални ротори кои му обезбедуваат поголема стабилност, компактност и полетување.
Јин рече дека проектот има за цел да ги развие економските активности на летала на ниска надморска височина (под 1.000 метри).
Со капацитет на лет од 20 минути, може да носи до 500 килограми тежина и да достигне над 300 метри височина.
На земја може да се движи со максимална брзина од 60 километри на час, според Универзитетот.
Во моментов, возилото за напојување користи батерија со голем капацитет.