Кина е задоволна што Вашингтон и Москва ја „зајакнуваат комуникацијата“

Кина соопшти дека е задоволна што Вашингтон и Москва ја „зајакнуваат комуникацијата“ откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин за да разговара за мировни преговори за Украина.

„Русија и САД се две важни и влијателни земји“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун на прес-конференција.

Тој истакна дека Кина е „задоволна што гледа како Русија и САД ги зајакнуваат комуникациите и водат дијалог за низа меѓународни прашања“.

„Кина ги поддржува сите напори за мирно решавање на кризата и ќе продолжи да ја одржува комуникацијата со сите вклучени страни и да игра конструктивна улога во промовирањето политичко решение за кризата“, додаде портпаролот на кинеското МНР.

 

 

 

slobodnaevropa.mk