Најмалку пет лица загинаа во сообраќајна несреќа на познатиот пловечки мост Шизигуан во централната кинеска провинција Хубеи, објавија кинеските медиуми, пренесува Анадолу.
„Возило во кое биле осум патници удрило и целосно потонало“, објави „Глобал тајмс“.
Пет лица загинаа, додека тројца преживеаја и успеаја безбедно да стигнат до брегот.
Се наведува дека ова е прва несреќа на овој мост, долг 500 метри, кој е отворен во 2016 година.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.