Кирков: Во организација на Данела Арсовска и Радмила Пешева се продаваат медицински препарати за миленици на црно, без фискална и без надзор од стручно лице

Стефан Кирков преку статус на Фејсбук пишува дека во организација на Данела Арсовска и Радмила Пешева се продаваат препарати за миленици на црно, без фискална и без надзор од стручно лице.

Целиот статус ви го пренесуваме интегрално во целост:

„Преседан вреден – ОСТАВКА !!!

Денеска , на денот посветен на милениците во Градскиот Парк – Скопје се одвива еден настан организиран од ЈП-ЛАЈКА под раководство на Данела Арсовска и нејзиниот кадар за директор АНИМА МУНДИ = Радмила Пешева .

И тоа се е ок , свеста за вдомување која ја почитувам , едукативни настани кој и тоа како се потребни но нешто кое е преседан кој не смее да се случи и дозволи од директори менаџери па и под целосна ингеренција од супер Градочалничката Арсовска која прогагира професионалност е тоа што на истиот настан , Градското предпријатие на тезга небаре е пазар Градскиот парк , продава продукти за кој и не смее да ги продава , изложува, продава без стручно лице , со еден збор …..се продава на црно , без фискална сметка , без фактура, без никакво потекло а најлошото што може да се види од сликите е дека се продаваат МЕДИЦИНСКИ ПРЕПАРАТИ кој исклучително смееат да се продаваат само во лиценцирани сертифицирани продавници – ветеринарни ординации болници и слично кој исполнуваат услови за нивно чување , нивно препорачување и терапирање !!!

На пазарот на тезга – од Анима Мунди = ЈП ЛАЈКА гледаме продажба на маици и продажба на ампули за паразити – ОД ТУКА сакам јавно да ги повикам Градоначалничката Арсовска , ветиринарните инспекции , АХВ , Пазарниот инспекторат, Управата за Јавни приходи ВЕДНАШ да се произнесат дали ова е дозволено а јас низ неколку прашања на сите кој го проследуваат постов би сакал да ми одговорат јавно или во порака .

➡Дали ВМП – Ветеринарно Медицински Препрати – смеат да се продаваат крајни купувачи и на тезга и од страна на Јавно претпријатие ?

➡ Дали истите ВМП имаат посебни услови за нивно чување?

➡ Дали се продаваат од страна на стручни лица ?

За маичките на тезга и несакам да ја отворам темата колку и сето тоа е на црно , еве ги охрабруам сите медиуми јавно да ја прашаат Арсовска за истово како и директорката Радмила Пешева и нејзиниот заменик кој го гледаме на настаните “Екс “Директорот Воислав ?

Ова е преседан и за ова треба некој веднаш да си поднесе оставка или Арсовска ВЕДНАШ да реагира со оставки и одговорност !!!!

Ако пред неколку дена е сменета директорката на Комунална Хигиена поради неработа како што кажа Арсовска , јас јавно прашувам дали оваа директорка која продава продукти на тезга на црно и тоа ветринарни препарати ја одработува својата работа по програмата за модерно Скопје , дали проблемот со кучиња скитници е решен и после 2 години и дали ЈП ЛАЈКА има било какви резултати освен натрупани долгови и судски постапки …..

АРСОВСКА ти си на потег …..39 директор во Гинис рекорд можеби ?!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Извор: ФБ Стефан Кирков