Наместо 50, премиерот Димитар Ковачевски отсега ќе има 13 советници.
„Тие советници ќе работат во својата област. Тие се со 20 плус години академско и професионално искуство. Планирани се, но не можам да ги објавам бидејќи се уште не се официјализирани“, рече Ковачевски утринава на денешната теренска обиколка во кругот на „Охис“, каде завршуваат подготвителните активности за отпочнување на процесот на чистење на малата депонија со линдан и неговите изомери.