Нема недостижна цел, 2023 година е година за економска пресвртница, на нова надеж, порача вечерва од трибина на СДСМ во Тетово, претседателот на партијата, Димитар Ковачевски.
-Ако во првите десет месеци ја држевме цврсто економската линијата за борба против кризата, за наредната година и новиот Буџет тоа е промена, пресвртница од каде што тргнуваме во офанзива. Конечно да ја победиме кризата, да почнеме да економски да растеме, да го зголемиме животот стандарди и да се погрижиме следната година да стане подобра од оваа. Да направиме општествени промени со нашите економски политики за енергетска транзиција, за обезбедување финансиска поддршка и пресвртница во развојот на домашната економија, рече Ковачевски.
Тој додаде дека сите економски показатели го потврдуваат тоа.
-Проекцијата на ЕБОР е дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто. Тоа е многу повеќе од проекцијата исто така на ЕБОР за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто. Проекцијата на Народната банка вели дека и оваа година ќе успееме да ја завршиме со раст од над 2 проценти, рече Ковачевски.
Економскиот пресврт наредна година е реална, остварлива цел. Ќе ја реализираме со многу труд, со политики за привлекување нови странски инвестиции кои носат добро платени работни места, со енергетска транзиција и визија да станеме зелен европски центар во Европа.
извор: СДСМ