Ковачевски: СДСМ успеа да обнови 500 километри патна мрежа, една милијарда евра се вложени досега

Претседаелот на СДСМ Димитар Ковачевски во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на канал 5 телевизија порача дека Владата предводена од СДСМ во овие пет години успеа да рехабилитира над 500 километри патна мрежа, а за развој на патната инфраструктура вложени се над една милијрада евра.

„Штип-Радовиш експресниот пат е завршен, веќе се работи на финализација на експресниот пат од Ранковце до границата со Република Бугарија, нов експресен пат се прави лево од него на повисока кота, потоа рехабилитација на патот од Куманово до Крива Паланка, потоа патиштата во Истокот, каде сите експресни патишта се изградени. Рехабилитацијата на локалните и регионалните патишта во државата кои што се во должина од над 500 километри, и за сите суми, износот за 5 години е милијарда евра кои што се вложени во рехабилитација на тие патишта.Да не заборавиме Истокот беше практично без соодветни патни правци, меѓутоа доколку ги погледнете сега сите делници и делот кај Пробиштип, Радовиш и делот кај Струмица, сега веќе се работи за сосема нови патни правци, исто така е во финална фаза на подготовка и конечно и делницата Скопје-Блаце.“ истакна Ковачевски.

Тој посочи дека следува реализација на нови патни правци во делот на Коридорот 8 и Коридорот 10, што освен за унапредување на патната инфраструктура е важно и за забрзување на економскиот раст.

„Пред нас е период во кој што треба да започнат крупни инфраструктурни проекти кои што се буџетирани од Буџетот. Се работи за Коридорот 8 и Коридорот 10, значи патниот правец прво Тетово- Гостивар и второто е Прилеп- Битола, веќе е во завршна фаза избор на консултантска независна меѓународна куќа која што ќе треба да ја направи проценката и да го склучи договорот. И за ова веќе се буџетирани пари во Буџетот за 2022 година за започнување на проектот.“ порача претседателот Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

извор: СДСМ

фото: СДСМ