Францускиoт предлог за кревање на бугарското вето сè уште не е пристигнат во Скопје, а би пристигнал дури откако земјите членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, ќе се усогласат, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања на Преспа форумот за дијалог во Охрид.
Ковачевски образложи дека предлогот го даваат земјите членки на ЕУ бидејќи ние сме држава која сака да се зачлени.
Врз основа на предлогот што тие ќе го усогласат, вели Ковачевски, истиот кога ќе биде подготвен и ако биде усогласен помеѓу сите земји членки ќе биде доставен до нас и тогаш ќе ги дадеме нашите забелешки.
Според Ковачевски, во евентуалното решение за спорот ќе мора да има гаранции дека тоа ќе бидат последните барања на Бугарија. Тој повтори дека нема да има разговори за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот…
Убедливо расте рејтингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат изминатите четири анкети спроведени од релевантни истражувачки агенции. Првата анкета на Американскиот институт…