Втор ден Министерството за одбрана молчи за украдените класифицирани документи и за украдените компјутери на кои имало строго доверливи документи.Голем срам е министерство за одбрана на НАТО членка да биде нетранспарентно за ваков настан, а уште поголем срам е да си неспособен да заштитиш класифицирани документи и компјутери, напиша на својот ФБ профил Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
Ова е случај кој мора да заврши со кривична одговорност и кон одговорните кои не преземале мерки и овозможиле поединци или група да во сред центар на градот, се осмелат да влезат во заштитен објект на министерството за одбрана и да крадат документи и компјутери.Според Законот за класифицирани информации, класифицирана информација со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за ВИТАЛНИТЕ интереси на Република Македонија.Кога се крадат класифицирани документи (мобилизациски) со степен на тајност Строго Доверливо, а за тоа молчи Министерот – Славјанка Петровска, а молчи и Врховниот Командант – во случајов Стево Пендаровски, се отвора сомнеж дека сакаат да го прикријат настанот со цел да се спасат од одговорност.После ваков скандал, министерот за одбрана треба да си поднесе оставка, а Претседателот на државата треба помалку да зборува за енергетската состојба која не му е во надлежност, туку да се заинтересира за тоа кој и зошто се дрзнал да краде мобилизациски и друг тип на документи, како и за тоа колкава штета е нанесена на Одбраната во која тој има надлежност. #Оставка#Одговорност
извор: ФБ Драган Ковачки