КОД: Правосудството пука по шавови во конфискацијата на Трансмет

Повеќе истраги и постапки поврзани со неуспешната конфискација на Трансмет се отворени по двете истражувања во емисијата КОД за овој случај. Се истражува кој е одговорен што конфискуваниот имот стекнат со кривично дело наместо на државата завршува во рацете на доверителите. Во вечерашниот КОД и за одлуката на Врховниот суд која „помогнала“ во извршувањето на долгови на Трансмет со државен имот. Обвинителството пак истражува дали има кривично дело во нотарскиот договор на Трансмет и Пуцко петрол за признаен долг од 1,6 милиони евра, а склучен после првостепената пресуда за конфискација, објави Телма. 

Нотарот не навел дека проверил или побарал фактури, договори, патни налози и потврди за испорачано гориво од Пуцко петрол за Трансмет. Во нотарскиот документ заверен од Шеху на 5-ти ноември 2018-та (три месеци по пресудата за конфискација на Трансмет) не стои и дали е проверено дека долгот е важечки. По три години, долговите меѓу фирмите, правните лица застаруваат, и не може да се наведат во долгови. Тоа е обврска на сите тројца потписници на документот. Договор за долгот не бил направен претходно туку после завршување на судскиот процес. Сите тие сомнежи сега се на менито на обвинителството.

Текстот во целост на: Телма.