Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ на денешната изјава за медиумите истакна дека Комисијата денеска излезе со предлог да се укинат маските во средните училишта. Тој рече дека епидемиолошката состојба има тренд на опаѓање, а се намалуваат и болничките хоспитализации.
Исто така, рече дека се овозможува организирање на екскурзии за учениците од основните и средните училишта.