Компанијата за роботика „Бостон динамикс“ претстави ново видео од својот хуманоиден робот Атлас

Компанијата за роботика „Бостон динамикс“ во средината на март објави ново видео во кое нејзиниот хуманоиден робот Атлас демонстрира импресивни акробатски движења, вклучувајќи трчање, скокање и лазење со извонредна агилност, јавува Анадолу.

Демонстрацијата ја истакнува употребата на напредни техники на засилено учење, што му овозможуваат на Атлас да реплицира движења слични на човековите, користејќи податоци од снимање на движење (motion capture) и анимација.

Овој проект е дел од истражувачката соработка помеѓу „Бостон динамикс“ и Институтот за роботика и вештачка интелигенција (RAI Institute), со цел дополнително унапредување на способностите на роботите.

Компанијата „Бостон динамикс“, со седиште во Масачусетс, е позната по развојот на напредни роботи, меѓу кои се четириножниот робот Спот и хуманоидниот Атлас.

Фокусирајќи се на роботска мобилност, вештачка интелигенција и автоматизација, „Бостон динамикс“ постојано ги поместува границите на интеракцијата меѓу луѓето и роботите.

извор:АНАДОЛИЈА