Конгрес на САД: Потврдена изборната победа на Трамп

Пред два месеци Доналд Трамп беше повторно избран за претседател на САД. Сега на заедничка седница на Претставничкиот дом и на Сенатот, американскиот Конгрес официјално го потврди Доналд Трамп за победник на претседателските избори одржани на 5 ноември 2024 година,

Церемонијата помина без насилство и хаос кои го одбележаа тој настан пред четири години, кога Трамп ги загуби изборите на кои победи сега веќе во заминување претседателот Џозеф Бајден.

Членовите на двата дома на американскиот Конгрес се собраа под силно обезбедување, во услови на снежна бура, за легално да ги потврдат резултатите од општите избори, но по настаните од 6 јануари 2020 година, кога поддржувачите на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, останува фактот дека кандидатот, кој тогаш се обиде да ги поништи резултатите од изборите, сега легитимно се враќа на власт по победата на актуелните избори.

Американската потпретседателка Камала Харис претседаваше со церемонијата и прочита како гласале електорите во американските сојузни држави. Токму таа загуби од Трамп, како претседателски кандидат на Демократската партија.
Откако ги прочита резултатите, во салата се слушнаа аплаузи. Прво републиканците му аплаудираа на Трамп, а потоа демократите ѝ аплаудираа на Камала Харис. Новоизбраниот американски потпретседател Џеј Ди Венс им се придружи на своите колеги како поранешен сенатор.
Целиот процес помина брзо и без нереди, и сѐ беше завршено за половина час.
Повеќеслојна црна ограда е подигната околу комплексот на американскиот Капитол Хил во Вашингтон – одраз на највисоко ниво на национална безбедност – како потсетување на она што се случи пред четири години кога Трамп ги повика своите поддржувачи „жестоко да се борат“, по што следеше најопасниот напад на седиштето на американската демократија во последните 200 години.

Токму потпретседателката на САД, Камала Харис која загуби на изборите од Трамп, претседаваше со церемонијата во Капитолот.

извор: dw.com