Контра протест во Јагодина, се очекува Вучиќ

Во Јагодина денеска се одржува голем собир, каде практично се поставува темелот на идното движење, чие формирање го најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Српските медиуми, блиски до власта информираат дека Градскиот плоштад во Јагодина е полн со луѓе и дека Вучиќ поради гужвата не може да се приближи до градот.

Јагодинчани митингот го почнале во 18 часот, на кој ќе се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Благодарам Јагодино, благодарам Србија“

Српскиот претседател Александар Вучиќ преку Инстаграм се заблагодари на луѓето кои дојдоа и се уште доаѓаат на митингот во Јагодина.

Медиумите пренесуваат дека на митингот во Јагодина биле присутни и Павле Грбовиќ, претседател на Движењето на слободни граѓани (ПСЖ) и опозицискиот политичар Радомир Лазовиќ.

 

 

 

denesen.mk