Кој може, а кој не може да гласа во Германија

Германија е организирана како сојузна држава и парламентарна демократија, а германскиот устав, познат и како Основен закон, е јасен: „народот гласа“ („das Volk wählt”). Но, кој е „народот“?

Околу 59,2 милиони Германци во Германија ќе имаат право на глас на претстојните сојузни избори на 23 февруари, според Заводот за Статистика.

Сепак, околу 10 милиони луѓе што живеат во Германија нема да можат да гласаат бидејќи не се германски државјани. Тоа значи дека околу 14% од возрасната популација на Германија ќе бидат исклучени од гласањето поради нивното државјанство.

Активистот роден во Британија, Фил Батланд, некогаш беше еден од нив. Тој се преселил во Германија во 1990-тите и првпат се вклучи во политиката како дел од антиглобализациското движење ATTAC, а до неодамна беше член на партијата Левица.

„Долг период моето постојано место на живеење беше Германија, мојот живот беше во Германија, сѐ што правам е во Германија и беше малку чудно што не можев да учествувам на изборите“, изјави тој за ДВ.

Претходно, Батланд се двоумел да аплицира за германско државјанство затоа што тогаш бил невработен и му било кажано дека може да добие германско државјанство само ако заработува над одредена сума.

„Сега ги олеснија правилата“, рече Батланд, „но ако немате работа или имате работа со ниска плата, правилата сѐ уште се многу построги отколку ако имате добро платена работа. Постојат исклучувања за сиромашните луѓе во повеќето од овие правила.“

 

 

 

DW