Коњи скокаат преку оган за „прочистување“, традиција во Шпанија стара 500 години

Во местото Сан Бартоломе де Пинарес, северозападен Мадрид, десетици коњи скокаат преку големи огнови во рамките на фестивалот „Лас Луминариес“ што траеше до синоќа на полноќ (16 јануари) во чест на свети Антониј Игумен, јавува Анадолу.

Јавањето коњи преку оган се чини како суров ритуал во чест на светците заштитници на домашните животни, но вака еден мал шпански град го слави традиционалниот фестивал за кој се смета дека е стар 500 години.

Огнот и чадот создаваат мистична атмосфера додека маскираните јавачи се пробиваат низ низа запалени огнови на тесните улички на гратчето.

Коњите го благословува свештеник пред да влезат во огнот.

Се верува дека традиционалниот фестивал ќе ги прочисти животните и ќе ги заштити од болести во наредната година.

Но контроверзниот годишен фестивал наидува на критики од активистите за правата на животните бидејќи коњите се принудени да учествуваат на настан што, според нив, им предизвикува стрес и страв.

 

извор:АНАДОЛИЈА